Одлична беше атмосферата во соблекувалната на македонската репрезентација по големиот пресврт и победата над Турција, со која нашите ракометари триумфално го запечатија пласманот на ЕП 2024.
Меѓу ракометарите и стручниот штаб се најде и претседателот Мукаетов, кој во друштво на Генералниот секретар Милошевски им честиташе на играчите за пласманот на претстојниот европски шампионат.
Очекувано, во центарот на прославата се најде Гоце Георгиевски, долгогодишниот репрезентативец кој денеска го одигра последниот меч во дресот на националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА