Фетел ’доцна запали’ сезонава, но победи: Повторно оживеав во Бразил

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, победи на денешната трка за Големата награда на Бразил. Тоа е 47.победа во кариерата за Германецот, петта во сезоната, а прва после трката во Унгарија во Бразил. Затоа и Фетел вели, се чувствувам како повторно да оживеав.

„Мислам дека сега се чувствувам како повторно да оживеав. Беше навистина тешка трка. Немаше многу простор за грешки, а тешко беше да се одреди и стратегијата со гумите. Сепак, на крајот победата е најважна“, вели Себастијан Фетел, кој нема шанси за титулата, која веќе ја освои Луис Хамилтон.

Фетел ја мина патеката Интерлагос за 1:31.26.260 часа, и стигна на целта пред Валтери Ботас. На третото место се најде Кими Раиконен од Ферари со заостамување од 4,6 секунди.

Сепак, во фокусот на вниманието беше Фелипе Маса, кој ја возеше последната трка на домашен терен, а претпоследна пред да стави крај на фантастичната кариера.

Се вчитува...