Фетел и Строл во Астон Мартин и во 2022 година

Себастијан Фетел и Ленс Строл и следната сезона ќе биде дел од Астон Мартин, објавија денеска од Формула 1 тимот.

Себастијан Фетел вели дека е среќен што следната година ќе може да се натпреварува во новата генерација болиди.

„Навистина се радувам на тоа што ќе се тркам во новата генерација болиди. Автомобилите изгледаат различно што ќе ни даде да се тркаме на друг начин. И за нас возачите, но и за навивачите ќе биде навистина возбудливо. Сите почнуваме од нула, а тоа ќе биде голем плус за нашиот тим“, изјави Фетел.

Младиот Ленс Строл е презадоволен што и следната година ќе биде тимски колега со поранешниот светски шампион.

„Следната сезона ќе биде моја шеста во Формула 1, а покрај мене ќе биде Себастијан Фетел. Заедно ја почнавме сезонава во Астон Мартин и навистина се радувам на продолжение на тоа патување со него и следната сезона. Не го остваривме зацртаното годинава, но тоа само ја зголемува нашата глад за успеси“, изјави Ленс Строл. 

Се вчитува...