Германскиот возач во болидот на Ферари, Себастијан Фетел им ја расипа радоста на голем број фанови на италијанскиот Ф1 тим во Милано.
Пред трката во Монца, тимот на Ферари реши пред фановите да направи ревијална трка во Милано во која учествуваа Себастијан Фетел и Кими Раиконен. Но, Германецот го расипа шоуто.
Фетел брзо ја заврши трката забивајќи се во заштитната ограда при мала брзина и го предното крило на својот болид. Ваквиот гаф на ревијална трка е помалку чуден посебно кога зад воланот е четирикратен шампион во Формула 1.
Трката за ГН на Италија на патеката во Монца ќе се вози викендов и со неа завршува европската турнеја во Ф1 шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА