Фетел казнет пред американското гран-при

Очајната серија резултати на Себастијан Фетел на последните трки му создава големи главоболки на германскиот возач, кој беше дополнително казнет од стјуардите поради своето возење за време на првиот тренинг во пресрет на американското гран-при.

Имено, по прегледувањето на снимката било утврдено дека Фетел не ја намалил доволно својата брзина во периодот додека на патеката имаше поставено црвено знаме, па Германецот доби казна од три позиции што ќе биде пресметана од пласманот што ќе го обезбеди во квалификациите за пол-позицијата.

„Фетел не ја намали брзината според предвиденото во секторите шест и седум. Оваа регулација е многу сериозна и затоа возачот на Ферари е казнет со три позиции, казни што претходно во текот на сезоната беа изречени и на други возачи“ – соопштија стјуардите.

Се вчитува...