Фетел ќе стартува од пол – позицијата во Баку

Четирикратниот Ф1 шампион, Германецот Себастијан Фетел, ќе стартува од пол – позицијата на утрешната трка во Формула 1 за Големата награда на Азербејџан. За Фетел ова е третпат сезонава да биде предводник на колоната на стартот, а вкупно 53. пол-позиција во кариерата.

Веднаш до возачот на Ферари, од првиот ред ќе стартува и Луис Хамилтон со Мерцедес, а од третата позиција ќе тргне неговиот клупски колега Валтери Ботас.

Минатогодишниот победник на трката во Баку, Даниел Рикиардо, ќе ја започне трката од четвртата позиција.

Се вчитува...