Фетел: Морам да бидам многу подобар во 2019

Себастијан Фетел има причина за разочараност откако по одличниот прв дел на сезоната, тој со серија грешки му овозможи на Луис Хамилтон да влезе во победнички ритам. Речиси сигурно е дека Британецот веќе на следната трка во Мексико ќе ја осигура новата шампионска титула, а на Фетел не му останува ништо друго освен да извлече поуки од сопствените грешки и во наредната сезона да се бори за титулата.

„Има многу работи кои треба да се анализираат во текот на зимата, моето возење сигурно е една од нив. Немам проблем да ја прифатам вината за грешките што ги направив, јассно ми е дека за да бидам шампион морам да бидам многу подобар во 2019 година. Сепак, според мене клучно беше тоа што ја немавме брзината што ја посакувавме. Сега во САД се вративме на постара верзија на моторот и Кими успеа да победи, јас повторно се чувствував како да имам целосна контрола над болидот, што не беше случај на претходните неколку трки“ – истакна Фетел.

 

Се вчитува...