Фетел: Не се срамам од поддршката на ЛГБТ заедницата…

Возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, ја објасни својата одлука да носи маица со поддршка на ЛГБТ заедницата пред трката за Големата награда на Унгарија. Фетел ја искористи церемонијата пред трката како можност да протестира против законот усвоен од унгарската влада. Законот забранува хомосексуалност на возраст под 18 години.

Фетел истакна дека сакале да испратат порака во знак на протест против законот, а 34-годишниот возач додаде дека е горд што ја има поддршката од ЛГБТ заедницата.

„Не бев нервозен, ниту се срамев од боите на виножитото што ги носев, ниту од она што луѓето го имат како мислење. Сакав да испратам порака и бев горд што успеав. Се сетив дека во вестите видов дека сегашната влада нема најнапреден став за некои работи. Имаше многу дебати за законите што забрануваат пристап до образование за сите возрасти и ги исклучуваат хомосексуалците од некои делови од животот, мислам дека тоа е сосема погрешно. Идејата се роди да го направиме тоа пред трката, за време на химната, тогаш имаме само простор да пренесеме одредени пораки. Мислев дека тоа е добра можност за таков гест“, изјави Фетел за ‘Би-Би-Си’.

На маичката со боите пишуваше „Виножито“. Тоа е и името на песната на Меклмор и Рајан Луис од 2012 година.

„Тоа е името на прекрасната песна на Меклмор. Мислам дека на убав начин објаснува некои погрешни сфаќања што ги имаат луѓето“, додаде Фетел.

Се вчитува...