Фетел пред историски успех на Монца

Себастијан Фетел е пред историска шанса да го врати Ферари на победничкиот пиедестал на домашен терен во трката за ГН на Италија на легендарната патека во Монца и да постигне уште еден рекорд во Формула 1. Четирикратниот светски шампион досега двапати победил на Монца со два различни тима, дебитираше со Торо Росо, а потоа славеше и во болидот на Ред Бул.

Ако го повтори успехот и со Ферари, ќе запише историски хет-трик. Три победи на Монца со три различни тима досега во историјата на Ф1 успеал да постигне само Стерлинг Мос.

Фетел е блиску да го повтори овој успех и по осум години да го врати Ферари на победничкиот подиум во Монца. Германецот минатата недела победи на трката за ГН на Белгија, а во добра форма стартува и викендов на Монца. Тој ќе тргне од првиот ред, заедно со Кими Раиконен, кој се избори за пол – позицијата.

На осум трки пред крајот на Ф1 шамопионатот, Фетел е на второто место во генералниот пласман на возачи со 17 бода помалку од лидерот Луис Хамилтон од Мерцедес.

Стартот на трката за ГН на Италија на патеката во Монца е денеска во 15 часот.

Се вчитува...