Фетел: Сам си создавам притисок и тоа ме мотивира

Во таборот на Ферари подготвено го очекуваат стартот на новата сезона во Формула 1 во која се надеваат дека конечно ќе успеат да ја прекинат доминацијата на Мерцедес. Нивниот главен адут во битката со најголемиот ривал и годинава ќе биде Себастијан Фетел. Четирикратниот светски шампион истакнува дека тоа не му претставува притисок, туку му дава дополнителна мотивација да работи уште понапорно.

Притисокот сам си го создавам и тоа ме мотивира. Битно ни е да се држиме заедно и да имаме јасен план. Во Ферари секој дава се од себе и се гледа дека сите сме силно мотивирани. Се чувствува страст кај секого и сите интереси се подредени на тимот. Моментите на победничкиот подиум ми даваат енормна сатисфакција. Мислам дека човек може да извлече многу и од ништо ако ужива во тоа што го работи. Во мене се уште има глад за победи и тоа ме тера на борба“ – вели Себастијан Фетел.

Германскиот возач истакнува дека новата сезона за Ферари ќе биде надополнување на она што го остварија лани.

„Можеме да се надоврземе на извонредната ланска сезона. Веруваме дека знаеме кои „шрафови“ треба да се приспособат за се да функционира уште подобро. Пред се, битно е нашиот болид како и лани, да биде конкурентен“ – истакнува Фетел.

Новата сезона во Формула 1 почнува следниот викенд со трката за ГН на Австралија.

Се вчитува...