Фетел во неверојатни квалификации до пол позицијата во Канада

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел дојде до пол позицијата за трката од Големата награда на Канада, 54-та пол позиција за него во кариерата.

Во неверојатни квалификации Фетел заврши прв, иако дури шест возачи на крајот лесно можеа да завршат на првата позиција. Зад Фетел заврши Валери Ботас од Мерцедес, а на третото место Макс Верстапен од Ред Бул.

Од четвртата позиција утре ќе стартува Луис Хамилтон а понатаму ќе следат Кими Раиконен и Даниел Рикаирдо. Иако Хамилтон во последниот обид беше најбрз, за време на квалификациите му се блокираа тркалата во неколку наврати што се покажа и кобно на крајот за возачот на Мерцедес.

Седми на трката ќе стартува Нико Хулкенберг од Рено, осми Естебан Окон во Форс Индија, а потоа и Карлос Саинц и Серџо Перез.

Ова за Ферари е прва пол позиција во Канада уште од 2001 година и Михаел Шумахер.

Се вчитува...