Одлуката на Хамилтон да го напушти Мерцедес и да се приклучи на Ферари беше една од најголемите вести во модерната историја на Ф1.
Британецот повеќе од една деценија вози со мотори на Мерцедес и работи во истиот систем, па промената на средината ќе му донесе многу предизвици. Себастијан Фетел, кој бркаше титули со Ферари и два пати заврши како вицешампион, знае колку е специфично да се вози за овој тим.
„Тоа е голема работа. Секоја промена на тимот е огромен потег. Новите луѓе со кои работите се веројатно најголемата промена. Тоа е различна култура. Повеќето тимови во Формула 1 се британски, а само два се италијански. Тоа е веројатно најголемата промена. Пораснав гледајќи го Михаел. Тој беше мојот херој и најчесто беше во црвено, па тоа беше нешто поинаку за мене. Не сум сигурен дека Луис го имал истиот сон, но мислам дека е посебно чувство за секој кој ќе добие шанса да го вози црвениот болид”, објасни Фетел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА