ФФМ добива 9,25 милиони евра за пласманот на ЕП, од нив 3 милиони евра за репрезентативците

Фудбалската федерација на Македонија ќе заработи 9,25 милиони евра од УЕФА за пласманот на Македонија на Европското првенство следната година.

Од нив, како што е познато согласно одлуката на Управниот одбор на ФФМ, една третина, или нешто повеќе од три милиони евра, ќе биде одделена за премија за репрезентативците.

Без сомнение, добар дел од средствата ќе значат и влог за дополнителен развој на фудбалската игра во Македонија, пред се за младинските категории и инфраструктурно подобрување.

Се вчитува...