ФФМ добива најмалку 500.000 евра од Лигата на Нации

УЕФА реши да ги награди сите свои членки формирајќи посебен „солидарен фонд“ со кој европската куќа на фудбалот ќе подели вкупно 76,25 милиони евра на 55-те земји кои ќе имаат свои репрезентации во новоформираното натпреварување.

Од ова ќе се офајди и Фудбалската Федерација на Македонија, која ќе заработи 500.000 евра за самото учество во Лигата на Нации. Оваа сума ќе им припадне на сите селекции кои се дел од групата Д од новото натпреварување, учесниците од елитната група ќе добијат по 1,5 милиони евра, оние од групата Б по еден милион евра, а оние од групите Ц по 750.000 евра за самото учество.

Згора на тоа, доколку Македонија го освои првото место во групата, тоа ќе значи и дополнителни 500.000 евра од УЕФА како награда за успешниот резултат.

Само за потсетување, Македонија е дел од групата Д4, каде за противници ќе ги има Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.

Се вчитува...