ФФМ додели 5.680 топки на младинските категории за 122 клубови

Фудбалската федерација на Македонија распределува 5.680 фудбалски топки (FIFA QUALITY PRO “IMS – International Match Standard”) на младинските клубовите од сите категории (младинци, кадети, пионери, помлади пионери, петлиња, помали петлиња)
во рамки на натпреварувањата за млади категории на ФФМ.
Муамед Сејдини, претседателот на ФФМ истакна дека е важно младинскиот фудбал да се третира на вистинско ниво.
 „Со континуираната помош и во финансиска и во техничка смисла (опрема, фудбалски топки, трошоци за патување, официјални лица), ФФМ потврдува дека на младинскиот фудбал веќе одамна не се гледа како на ентузијастички придонесувач. Важно е што покажуваме дека базичниот фудбал се третира на вистинско ниво. Ќе продолжиме во таа насока“, рече Сејдини.
Со последната донација на ФФМ за распределба на 5.680 фудбалски топки, вклучени се вкупно 122 клубови.

Се вчитува...