ФФМ ги објави номинациите за најдобрите во 2018 година

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги објави номинациите за изборот за најдобрите во годината што изминува. Вообичаено, се избира најдобар фудбалер од Првата фудбалска лига, како и фудбалер што најдобро ја претставувал државата во странство.

За најдобар фудбалер во Првата фудбалска лига се номинирани Бесарт Ибраими и Висар Муслиу од актуелниот првак Шкендиј, како и Љупчо Дориев од Академија Пандев.

Млад фудбалер на годината ќе се избира меѓу Енис Фазлагиќ од Шкендија, кој сега е веќе интернационалец во Словачка, и Арбин Зејнулаи, како и Бојан Колевски од Вардар.

Меѓу номинираните за фудбалерка на годината се наоѓаат Ленче Андреевска и Афродита Салихи од ЖФК Драгон и Александра Ристовска од ЖФК Тиверија.

За најдобар тренер во женски фудбал се номинирани Илија Мандаров (Драгон), Славе Велков (Тиверија Струмица) и Кирил Изов (Истатов), а за најдобар тренер во футсал конкурираат Марјан Стефановски (Велес), Гафур Асани (Јувентус Серава) или Зоран Лекиќ (Шкупи).

За најдобар тренер во младинскиот фудбал се предложени Беким Османи (Шкендија), Берат Имери (Шкендија) и Александар Стојанов (Академија Пандев), додека за најдобар футсал играч во изборот ќе се борат Иљбер Алили (Шкупи), Дарко Ранготов (Велес) и Горан Арсовски (Кратово).

За најдобрите во македонскиот фудбал ќе може да се гласа на интернет страницата на ФФМ (www.ffm.mk), а гласањето ќе биде отворено до 11 декември. Гала – манифестацијата е планирано да се одржи на 21.декември.

Се вчитува...