ФФМ ги одреди местата и термините за КУП финалињата во сите категории

Фудбалската федерација на Македонија ги определи местата и термините за финалните натпревари во Купот на Македонија за сите младински категории како и за финалето од Купот во женска конкуренција.

Како што е познато, пак, сениорското финале меѓу Струга ТЛ и Македонија ЃП ќе се одигра на 20. мај на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Термините за сите останатите финални натпревари по категории:

– Финале Куп на Македонија (жени) ќе се одигра на 16. мај, на стадионот во Ѓорче Петров, во 16. часот;

– Финале Куп на Македонија (младинци) ќе се одигра на 18. мај, на стадионот на Напредок, во Кичево, со почеток од 17. часот;

– Финале Куп на Македонија (кадети) ќе се одигра на 18. мај, на стадионот на Напредок, во Кичево, со почеток од 10:30 часот;

– Финале Куп на Македонија (пионери) ќе се одигра на 17. мај, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 17. часот;

– Финале Куп на Македонија (помлади пионери) ќе се одигра на 17. мај, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, со почеток од 10:30 часот.

Се вчитува...