ФФМ ги отвора источната и западната трибина за мечот со Исланд

По синоќешната победа на Македонија над Ерменија со убедливи 5-0, Фудбалската федерација на Македонија одлучи да ги отвори вратите на источната и западната трибина од Националната арена “Тодор Проески” за натпреварот меѓу Македонија и Исланд од квалификациите за СП 2022.

Фудбалерите на Македонија имаат историска шанса со победа против Исланд во недела да обезбедат „билет“ за бараж на Светското фудбалско првенство во Катар, па токму по овој повод, интересот на публиката за присуство на трибините е огромен. Овој дуел е закажан во 18 часот (14.11.21).

За потсетување, цените за северна и јужна трибина изнесуваат 150 и 300 денари.

Се вчитува...