ФФМ го раскина договорот со „Галакујна“ по труењето со храна на 11 деца од Академијата

Фудбалската федерација на Македонија го раскина договорот со доставувачот на храна за работа на Академијата на ФФМ, „Галакујна“ од Скопје, по последното труење со храна на 11 деца и еден физиотерапевт за кое информираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

„Потврдуваме дека има труење со храна на 11 деца и физиотерапевт. Раскинат е договорот со ‘Галакујна’. Ручекот и вечерата тој ден кога се случи труењето беа во тој ресторан. Децата веќе се хранат во други ресторани ‘Дукат’ и ‘Џино’“– информира портпаролот на ФФМ, Златко Андовски.

ДСЗИ, како што објавивме претходно, веќе ја затвори „Галакујна“ поради сомнеж за алиментарна токсоинфекција од храна конзумирана од тоа место.

Андоновски на денешната прес-конференција во ФФМ информираше и дека ФФМ испратила претставка за заштита поради незаконско дејство од Агенцијата за млади и спорт, по притисокот од страна на Агенцијата непосредно пред одржувањето на Собранието на ФФМ кое ќе се одржи на 17. март со почеток од 10 часот во Охрид.

Се вчитува...