ФФМ и клубовите во понеделник ќе одлучуваат: Продолжува или не – сезоната!?

Поради наближување на терминот одреден од УЕФА (25. мај) околу конечен став за натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ, Фудбалската федерација на Македонија во понеделник од 13 часот закажа состанок со претставници на клубовите од Прва МФЛ.

„Натпреварувачката комисија во ФФМ постојано ги следи настаните поврзани со вонредната состојба во нашата држава и епидемиолошката состојба, а ФФМ како водечко фудбалско тело сеуште е во исчекување на препораките и мерките од координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-1за евентуален почеток на тренинзите на фудбалските екипи. Токму од тие препораки и мерки ќе зависи евентуалното продолжување на националното фудбалско првенство, бидејќи веќе влегуваме во термини кои го загрозуваат доигрувањето на шампионатот. Се надеваме дека до понеделник, здравствените институции официјално ќе ги соопштат мерките и препораките и ФФМ заедно со клубовите ќе излезе со заеднички став за натпреварувачката сезона 2019/2020. Како федерација сме во постојан контакт со УЕФА и федерациите во регионот кои се соочуваат со слични предизвици со цел да се донесе правилна одлука за доброто на фудбалот и клубовите“ – се вели во информацијата

Како што нагласуваат од ФФМ, за македонската куќа на фудбалот здравјето на фудбалерите и фудбалските работници е на прво место и тоа е единствениот предуслов во подготовката за враќање на тренинзите на екипите од МФЛ и продолжување на националното првенството.

„Нашата „Куќа на фудбалот“ сите препораки и мерки ги услогласува во соработка со координативниот кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Корона вирус CoVid-19“ – велат од ФФМ.

Се вчитува...