ФФМ и македонските клубови во кампањата за поддршка на погодените од земјотресот во Албанија

Првите луѓе на Фудбалските федерации на Албанија, Македонија и Косово се сретнаа во Драч, согласувајќи се на заедничката средба да ги поддржат семејствата погодени од земјотресот во Албанија.

Фудбалската федерација на Македонија и клубовите од МФЛ им дадоа поддршка на сите погодени од големата трагедија која ја затекна Албанија. Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини го посети Драч, градот во кој е роден и каде што живее неговиот колега, претседателот на Албанската фудбалска асоцијација, Арманд Дука.

„Заедно со мојот колега, претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми, бевме во Драч и регионот погоден од земјотресот каде што нè прими нашиот пријател, претседателот на Албанската фудбалска федерација, Арманд Дука. Со голема тага за природна катастрофа, ние се приклучуваме на Фудбалската федерација на Албанија во намерата да им помогнеме на семејствата погодени од земјотресот. Заедно со нашите пријатели од фудбалската заедница преземаме обврска за обнова на три срушени куќи од земјотресот со цел да надокнадиме дел од штетите на семејствата погодени од природната непогода. Сочувство до сите семејства кои ги изгубиле своите најблиски и своите домови“ – вели претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Голем број на спортисти и фудбалери од регионот изразија и ја покажаа својата солидарност со луѓето погодени од земјотресот и покренаа кампања за помош и поддршка.

Се вчитува...