ФФМ ја прифати препораката на Владата – Натпреварите од МФЛ ќе се играат без публика

Фудбалската федерација на Македонија ја прифати препораката од Владата на Република Македонија до сите спортски институции, сите натпревари кои треба да се одржат до 6. март годинава да се играат без присуство на публика.

„По добиената препорака од Владата на Република Македонија до сите спортски институции, натпреварите во периодот до 6. март 2020. да се играат без присуство на публика, Фудбалската федерација на Македонија официјално потврдува сите натпревари од 21. коло на Прва МФЛ и 15. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад ќе се одиграат без присуство на публика“, стои во соопштението на ФФМ. 

 

Се вчитува...