ФФМ ја укина котизацијата за сите лиги

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за ослободување од плаќање котизација за сите екипи од вторите и третите лиги за натпреврувачката 2020/21. Ако се знае дека уште од ланската сезона од котизација беа ослободени и прволигашите, јасна е тенденција во овој период на финансиска криза поради коронавирусот куќата на фудбалот на ваков начин да им помогне на клубовите.

На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:

– Управниот одбор на ФФМ донесе одлука со која ги ослободува од плаќање котизација екипите од Втора МФЛ – Исток, Втора МФЛ – Запад и екипите од Трета МФЛ за натпреварувачката сезона 2020/2021.

Ослободувањето од котизација за екипите од Втора МФЛ и Трета МФЛ, Управниот одбор на федерацијата ја донесе како една од суштинските мерки во соочувањето на фудбалските клубови во нашата држава со кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19;

Фудбалската федерација на Македонија, минатата година, ги ослободи од плаќање котизација за учество во Прва МФЛ, екипите од најдобрата наша конкуренција.

– Управниот одбор на ФФМ на денешната седница ги усвои листите за судии и контролори за натпреварувачката сезона 2020/2021; 

Се вчитува...