ФФМ постигна двегодишен договор со регионалната Арена Спорт за ТВ правата на Првата лига!

Натпреварите од Првата македонска фудбалска лига во следните две сезони ќе бидат пренесувани на регионалниот спортски канал Арена Спорт како и Македонската телевизија.

Фудбалската федерација на Македонија, во договор со десет домашни прволигаши а застапувајќи ги нивните права, постигна двегодишен договор со регионалната платформа Арена спорт за телевизиските права на нашето првенство.

Арена спорт, пак, склучи договор со Македонската радио телевизија за соработка во производството на пренос и сателитски сигнал, така што по два натпревари од секое коло директно ќе се пренесуваат на регионалната Арена Спорт платформа, како и на МТВ.

Како носител на ексклузивните права, Арена Спорт ќе има право да избере два натпревари кои секое коло ќе се пренесуваат директно на телевизијата.

Единствено е познато, дека АП Брера и Вардар постигнаа посебни договори за пренос на нивните домашни натпревари со Спортклуб.

Се вчитува...