Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му изрече висока парична казна на ФК Вардар поради недоличното однесување и скандалозната прослава на фудбалерите.
Реакцијата на куќата на фудбалот следува откако во јавноста се појави видео снимка на која јасно се гледа како по заверката на шампионската титула во Струга, играчите и стручниот штаб на „црвено-црните“ пеат песни со навредлива и деградирачка содржина меѓу другото и против македонската дива Каролина Гочева во угостителски објект.
„Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Вардар се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради навредливо скандирање од страна на навивачите и несоодветна прослава на титулата од страна на фудбалерите.
Воедно, Дисциплинската комисија поведе постапка против ФК Вардар поради користење на пиротехнички средства на натпреварот од 33. коло помеѓу Вардар и Шкендија“, стои во соопштението на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
