ФФМ со соопштение околу скандалот со местење натпревари: ФФМ целосно соработува со МВР и органите на министерството

Министерството за внатрешни работи, со поддршка на Јавното обвинителство за сузбивање криминал со наместени натпревари во професионалните лиги, денеска во Скопје спроведе голема акција за „чешлање“ на документација за местење натпревари во кои се вклучени македонски клубови.

Околу целата ситуација со свое соопштение излегоа и од „Куќата на фудбалот“. Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение.

„Министерството за внатрешни работи (МВР) побара информации од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кои првенствено се однесуваат на акти кои го регулираат натпреварувањето, записници од официјални натпревари во рамки на натпреварувања во организација на ФФМ, потоа распоред од календарот на натпреварувањата во домашните првенства итн.

Во рамки на своите надлежности кои се однесуваат пред се на заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФФМ целосно соработува со МВР и органите на Министерството во тој дел“, стои во соопштението на ФФМ. 

Се вчитува...