ФФМ со завршни активности: Стадионот „Младост“ со комплетно ново руво за мечот со Албанија (ФОТО)

Фудбалската федерација на Македонија е во завршни интензивни активности стадионот „Младост“ во Струмица во комплетно ново руво да биде домаќин на квалификацискиот натпревар за СП 2018 кој против Албанија го играме на 5. септември.

По дефинитивната одлука да бидеме домаќини во Струмица, од ФФМ се активирани неколку проекти за задоволување на барањата на УЕФА за создавање комплетни услови за интернационален натпревар. Веќе се поставени нови столчиња на двете постоечки трибини, а во завршна фаза е поставувањето на монтажните трибини зад головите на стадионот.

Mladost - montazni tribini

Како што не информираат од ФФМ, дополнително е засилена луксажата на рефлекторите а изведени се корекции во подтрибинскиот простор и службените простории. Засилено ќе бидат преземени и сите неопходни мерки за целосна безбедност на навивачите, службените лица и медиумите, а во централната ложа ќе бидат дополнети и новинарските ложи.

stadion mladost 2

Македонија, како што е познато, најпрво на 2. септември ќе гостува на Израел во Хаифа, а потоа на 5. септември е натпреварот со Албанија во Струмица.

Се вчитува...