ФИА го потврди календарот на Ф1 за 2019

Советот на Светската автомобилска федерација (ФИА) на состанокот во Париз го потврди календарот на шампионатот во Формула 1 за 2019 година. Распоредот и бројот на трките во Ф1 шампионатот беше објавен пред шест недели, а сега доби и официјална заверка без измени.

На календарот на Ф1 во 2019 година ќе бидат истите трки што се возеа и годинава, но има мали измени во распоредот на трките. Така, Ф1 шампионатот и во следната сезона ќе стартува во Австралија на 17 март 2019, а ќе заврши на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби на 21 декември 2019 година.

За разлика од годинава, во следната сезона трката за ГН на САД ќе биде после трката за ГН на Мексико. Втората промена е исто така во втората половина од шампионатот, после трката за ГН на Русија, Ф1 карванот наместо во Јапонија прво оди во Сиунгапур.

Се вчитува...