ФИА му врачи отказ на Мајкл Маси!

Мајл Маси повеќе не е директорот на трките во Формула 1 откако денеска доби отказ поради завршницата на претходната сезона. Како потсетување, Луис Хамилтон беше на прагот на испишување на историја, но по судирот во завршните кругови тој дозволи претекнување на останатите возила по што Макс Ферстапен се најде ведаш зад возачот на Мерцедес, го претркна во последниот круг и стигна до првата шампионска титула.

Мерцедес поднесе жалба по завршувањето на сезоната по што ФИА покрена истрага, а денеска претседателот Мохамед бен Сулајмен ја соопшти одлуката. Со цел отстранување на можноста во иднина да се повтори случајот, двајца ќе ја обавуваат оваа функција, а исто така директорите ќе имаа дополнителна помош.

Се вчитува...