ФИБА ранкинг: Македонија е на 28 место во Европа

Македонската сениорка кошаркарска репрезентација забележа скок од едно место на последниот ФИБА ранкинг и сега е 28. сила во Европа, односно 53. сила во светот. До истото доаѓа по победата во Осло против Норвешка во последниот натпревар од претквалификациите за Евробаскетот 2025 со што нашата најдобра кошаркарска репрезентација стигна до 204.4 освоени бодови.

Македонија ја престигна Португалија, а пред нас остануваат репрезентации како Шведска, Исланд, Велика Британија, Бугарија…

Лидер на Европа останува Шпанија пред Франција, Србија и Словенија, а во првите десет се наоѓаат и: Литванија, Грција, Италија, Германија, Чешка и Полска. Од останатите екс-ју држави Црна Гора е на 12. место, Хрватска на 14. место, а Босна и Херцеговина на 20. место.

 

Се вчитува...