ФИБА ранкинг – Македонија при дното

Македонската репрезентација в четврток ќе го стартува новиот квалификациски циклус во обид да обезбеди пласман на Евробаскет 2021, но европската кошаркарска јавност не гледа со преголема сериозност на нашиот национален тим. Доказ за тоа е денешната ранг-листа на најдобрите 32 европски селекции, на која „црвено-жолтите“ се наоѓаат на скромното 29. место.

„Да претпоставиме дека Италија и Русија се пресилни во оваа група. Тоа значи дека Македонија и Естонија, првиот меч в четврток може да одлучи се во целата група“, се вели во краткиот опис крај македонската репрезентација, идентичен како и за естонскиот национален тим кој е рангиран на 26. место на оваа ранг-листа.

Зад Македонија на топ-листата се наоѓаат единствено Швајцарија, Романија и Австрија.

Врвот е резервиран за селекцијата на Шпанија, а меѓу најдобрите десет кошаркарски репрезентации во Европа се наоѓаат уште и Франција, Србија, Литванија, Германија, Италија, Русија, Чешка, Турција и Грција.

Се вчитува...