Перфектниот старт на сезоната на Барселона продолжи и на вечерашниот дуел со Рајо Ваљекано на кој каталонскиот гигант им приреди шоу за уживање на своите фанови, славејќи со убедливи 5-2.
Рајо прв поведе преку Кармело во 12. минута, но тоа беше само аларм за избраниците на Флик да заиграат посериозно, по што почнаа да се нижат шансите пред противничкиот гол. Рафиња со една извонредна соло акција израмни на 1-1, а неколку минути подоцна Јамал со еврогол донесе целосен резултатски пресврт.
Гордон изнуди автогол за 3-1, а откако Рајо намали на 3-2 следеа уште два прекрасни погодоци, првиот на Рафиња по маестралната асистенција на Гордон, пред конечните 5-2 да ги постави Јамал со својот втор гол на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
