ФИФА донесе конечна одлука: Бразил и Аргентина мора да одиграат квалификациски меч за СП

Апелациската комисија на Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги отфрли жалбите на Бразил и Аргентина по однос на прекинатиот меч во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар.

Минатиот септември беше прекинат дуелот меѓу двата гиганти од Јужна Америка и тоа по само неколку минути откако започна, кога на теренот влегоа здравствените власти на Бразил, за да ги тргнат играчите на Аргентина кои ги нарушиле правилата за карантин при влез во земјата.

Двете репрезентации веќе се пласирани на Мундијалот во Катар и меѓусебниот дуел нема да има никакво резултатско значење. ФИФА реши да ги казни двете федерации со по 50.000 франци, а дуелот мора да се одигра.

Освен овој квалификациски дуел, Бразил и Аргентина ќе одиграат и еден пријателски меч и тоа во Мелбурн, Австралија, во јуни.

Се вчитува...