ФИФА ги одложува сите репрезентативни натпревари кои требаше да се играат во март и април?

Светската фудбалска федерација ФИФА ги откажува сите репрезентативни натпревари кои требаше да се играат во март и април месец, пренесуваат светските медиуми. Истовремено, на клубовите им даде дозвола да не мораат да ги ослободат фудбалерите за репрезентативни обврски.

Засега нема официјална потврда за одложувањето од УЕФА, но се очекува таа да биде донесена по состанокот кој е закажан за вторник. Доколку се исполнат очекувањата, ќе биде одложен и натпреварот меѓу Македонија и Косово кој требаше да се игра на 26. март на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

 

Се вчитува...