ФИФА го тужи Платини за парите што ги добил од Блатер

ФИФА поднесе тужба во швацарски суд во која ги бара од Мишел Палтини парите што ги добил како хонорар од организацијата. Поранешниот претседател на УЕФА треба да врати 1.84 милини евра што ги добил во период од 1998 до 2002 година кога Сеп Блатер беше претседател на светската организација.

Токму поради оваа трансакација Платини доби шестгодишна суспензија од активности во фудбалот. Платини и Блатер тврдеа дека хонорарот е исплатен за консултантски услуги, но не за нив не постоел договор. Суспензијата на Платини потоа беше намалена на четири години и заврши во октомври годинава.

„Ако и кога парите ќе бидат вратени кај нас ќе бидат инвестирани за развој на фудбалот како и што првично биле предвидени“ – велат од ФИФА.

 

 

Се вчитува...