ФИФА ја казни Албанија со 30.000 франци за политичките скандирања во Струмица

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја казни Албанската фудбалска федерација со 30.000 швајцарски франц поради националистички испади и политички скандирања за време на квалификацискиот натпревар за СП 2018 против Македонија во Струмица.

Албанија, како што информира ФИФА, е казнета поради скандирање на националистичка основа од страна на гостинските навивачи за време на средбата на стадионот „Младост“ во Струмица. Албанската федерација е казнета и за употреба на пиротехника од страна на нејзините навивачи.

На натпреварот, од страна на гостинските навивачи постојано беше скандирано „УЧК“, „Голема Албанија“, „Илирида“…, што беше евидентирано од страна на делегатот на мечот и поведена дисциплинска постапка.

Фудбалската федерација на Македонија, пак, за истиот натпревар доби казна од 6.000 швајцарски франци, и опомена за политички скандирања од страна на домашните навивачи.

Се вчитува...