ФИФА ја казни Катарската фудбалска федерација

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја казни Катарската фудбалска федерација заради прекршување на правилото кое забранува политички пароли на фудбалските натпревари.

Фудбалерите на Катар на загревањето пред натпреварот против Јужна Кореја во Доха излегоа во маици со ликот на катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани. Овој натпревар се играше на 13 јуни, непосредно по одлуката на Саудиска Арабија, Бахреин и ОАЕ да воведат изолација за Катар, па ФИФА ова го оцени како политички гест.

За овој прекршок Катарската фудбалска федерација која ќе биде домаќин на СП 2022, доби парична казна од 50.000 швајцарски франци и предупредување од ФИФА.

Се вчитува...