ФИФА може да го „извлече“ Меси од Барселона

Комплетен хаос настана во Барселона, но и во фудбалскиот свет откако Лео Меси по 16 години во првиот тим официјално побара да си замине од каталонскиот клуб. Во сферата на шпекулациите се можните клубови кои би биле заинтересирани, но и кои се во можност да го платат аргентинскиот ас.

Она што е најважно во моментов е комплетно различната позиција што ја имаат Меси и клубот околу тоа дали тој може да се повикува на клаузулата за раскин на договорот. Барселона тврди дека тој е играч на клубот затоа што не ја искористил навреме можноста да побара раскин 20 дена пред крајот на сезоната. Таа можност ја има во договорот на Меси.

Но, Меси и неговиот тим имаат поинакво толкување. Не го прифаќаат терминот 10 јуни на кој се повикува Барселона затоа што оваа сезона беше специфична и крајот на првенството не беше како вообичаено на почетокот од јуни туку на средината од август. Затоа тимот на Меси тврди дека за крај на сезоната треба да се смета терминот на последноодиграниот натпревар.

Проблем за Барслеона во оваа ситуација може да биде фактот што ФИФА ги издаде истите инструкции. Со оглед на прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот и пролонгираниот краен термин и според светската оргнанизација, крај на сезоната оваа година е последниот натпревар.

Се вчитува...