ФИФА не се откажува – И годинава ќе ја додели наградата „The Best“

Пред неколку дена „Франс фудбал“ донесе одлука престижната награда „Златна топка“ да не ја додели во 2020 година. Тоа значи дека првпат од 1956 од кога е воведена оваа награда, таа нема да се доделува.

Сепак, и покрај откажувањето на „Франс фудбал“ од ФИФА се решени нивната награда „The Best“ сепак да се додели годинава.

Покрај наградата за најдобар фудбалер и годинава ќе бидат таа за најдобра фудбалерка, тренер, гол… Церемонијата како би се запазиле препораките за заштита од коронавирус ќе се одржи он-лајн, а наградите за добитниците ќе бидат испратени на домашните адреси.

Се вчитува...