ФИФА: Ние сме јасни, жените во Иран мораат на стадион

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино изврши дополнителен притисок на Иран да ја укине забраната за жените да можат да посетуваат фудбалски натпревари.

Иранката Сахар Ходајари неодамна се самозапали додека ја чекаше пресудата за која беше обвинета бидејќи маскирана успеа да влезе на стадионот „Азади“ во Техеран како би можела да гледа фудбалски натпревар.

„Се надевам дека иранската федерација и властите во земјата ќе ги прифатат нашите константни апели да го променат законот. Ги контактирав неколку пати, а во моментов и наши претставници се во Иран и се надевам дека се ќе биде добро. Нашиот став е цврст. Жените треба да имаат дозвола да можат да одат на стадиони“, изјави Џани Инфантино. 

Забраната во Иран на сила е од 1979 година.

Се вчитува...