ФИФА носи ново правило околу позајмици на играчи, тежок удар за „големите“

Светската фудбалска организација ФИФА на својот конгрес ги представила новите правила околу позајмиците на играчите која ќе го смени фудбалскиот пазар. Клубовите со овие одредби ќе се намали бројот на играчи кои ќе заминат на позајмица.

Клубовите од 1. јули оваа година до јуни идната година, ќе може максимум да позајмат осум играчи. Тој број на играчи до 2024 година ќе падне максимално на шест. Сепак, правилата нема да се однесуваат на играчи помлади од 21 година, кои клубовите ќе може и натаму да ги позајмуваат без рестрикции.

Исто така веќе нема да биде можно да се праќаат на двегодишна позајмица со право на откуп, а еден клуб на другиот ќе смее во текот на една сезона да му позајми најмногу тројца играчи. Играч кој е позајмен во еден, нема да смее да биде позајмен во друг клуб, како што досега беше пракса.

Ќе биде ова удар за големите клубови, кои голем дел од своите играчи ги праќаат на позајмица. Пред се во оваа група спаѓаат Јувентус и Челси кои го надминуваат бројот на позајмени играчи во последните неколку години.

Се вчитува...