ФИФА одлучи дали на полувремето ќе има пауза од 15 минути

Меѓународната фудбалска заедница (IFAB) одлучи да го задржи сегашното правило. Јужноамериканската конфедерација (КОНМЕБОЛ) поднесе барање за зголемување на паузата на полувремето од 15 на 25 минути. ИФАБ вчера го разгледа овој предлог, но на крајот го одби со образложение дека зголемувањето на паузата може негативно да влијае на играчите.

Ова е втор обид од 2009 година да се зголеми паузата меѓу полувремињата, да се искористи периодот за „спектакл“, сличен на полувремето на Суперболот во американскиот фудбал, кога најскапите реклами вреднуваат милијарди долари.

Но, во ИФАБ сметаат дека оваа должина на паузата би ги „оладила“ играчите по напорот во првото полувреме и дека само ќе го зголеми ризикот од повреди, што фудбалерите секако не го сакаат таквиот пристап кон играта. Првиот обид за промена на ова правило беше одбиено со образложението дека комерцијализацијата и маркетингот не треба да бидат приоритет во фудбалот.

Се вчитува...