ФИФА одлучи: Против расизмот и говорот на омраза ќе се бори со „вештачка интелигенција“!?

Меѓународната фудбалска федерација заедно со Унијата на фудбалери работат на проект што поскоро да се намали проблемот на социјалните мрежи со расизмот и говорот на омраза.

ФИФА донесе одлука и обелодени дека со помош на специјална „вештачка интелигенција“ експресно ќе се скенира расизам и говор на омраза на социјалните мрежи, за да се спречи таквите коментари да бидат видени од „жртвата“ и неговите следбеници.

Во сеопфатна студија, „вештачката интелигенција“ беше искористена за испитување на повеќе од 400.000 објави на социјалните мрежи. Коментари беа оценувани за време на полуфиналната и финалната фаза на Европското фудбалско првенство и Африканскиот куп на нации во 2021 година.

Резултатите беа шокантни: повеќе од 50 проценти од играчите беа дискриминирани во некаква форма, а најголемиот дел од овие изјави доаѓаа од нивните матични земји. Хомофобични (40 проценти) и расистички (38 проценти) коментари го сочинуваа најголемиот дел од објавите. Многу од овие коментари сè уште се видливи на профилите од каде што првично беа објавени.

Се вчитува...