ФИФА почна дисциплинска постапка против Бразил, но и против Аргентина

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА, почна дисциплинска постапка против Бразил и Аргентина, за нередите на натпреварот во квалификациите за пласман на СП 2026 година одигран на „Маракана“.

Нередите почнаа веднаш по интонирањето на химните, кога екипите се вратија во соблекувалните, а натпреварот почна со пола час задоцнување. Аргентинскиот фубдалски сојуз е обвинет за нереди на навивачите и за доцнењето на натпреварот, во кој светскиот првак славеше со 0-1.

Бразил ќе биде под постапка поради пропусти во организација на мечот.

Аргентинските репрезентативци се обидоа да ја смират ситуацијата на трибините, а потегот на Емилијано Мартинез стана вирален, откако нападна полицаец на трибината.

Се вчитува...