ФИФА покрена „дисциплинска“ за Џака и Шаќири

Гранит Џака и Џердан Шаќири би можеле да се соочат со ригорозни казни откако ФИФА реши да покрене дисциплинска постапка против двајцата швајцарски репрезентативци, за нивната прослава на головите за време на дуелот со Србија.

Двајцата играчи со албанско потекло ги постигнаа погодоците за триумф на Швајцарија, но против нив е покрената постапка поради начинот на прослава. Србите се жалеа дека станува збор за национализам преку „летање на орлите“, а во ситуација кога Шаќири играше и со копачки посветени на независноста на Косово, дисциплинците имаат доволно аргументи за мешање на политика со спортот.

ФИФА долги години води битка на оваа тема, па останува да се види како ќе заврши оваа постапка, дали двајцата фудбалери ќе бидат суспендирани, парично казнети, или пак ќе минат без никаква санкција, што исто така е една од опциите, во зависност од исказите што ќе ги дадат и аргументите што „дисциплинците“ би ги прифатиле, или пак отфрлиле.

Се вчитува...