ФИФА потврди: Следното СП со 48 селекции, 104 натпревари во 39 дена

Светската куќа на фудбалот ги потврди промените кои ќе се случат на следното Светско првенство. Од 2026 година, на првенството ќе учествуваат 48 репрезентации, наместо досегашните 32. Во првиот круг ќе бидат 12 круга по четири екипа, а понатаму ќе минат првопласираните, второпласираните и осумте најдобро третопласирани селекции.

Што се однесува до натпреварите, ќе бидат одиграни 104 натпревари во 39 дена. Така ФИФА ќе добие уште дополнителни 40 натпревари на најголемото натпреварување. Постоеше можност селекциите да бидат поделени во групи со по три селекции, но од таа идеја се откажа.

Од дополнителните 16 селекции на Мундијалот, три дополнителни места треба да добијат азиските репрезентации, четири африканските, две од Северна Америка, две од Јужна Америка, три од Европа, една од Океанија.

Светското првенство во 2026 година ќе биде прво кое ќе биде организирано во три земји: САД, Мексико и Канада.

Се вчитува...