ФИФА поведе постапки и против Лихтштајнер и Кокеза

Светската фудбалска федерација (ФИФА) поведе нови постапки по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија. После Гранит Џака и Џердан Шаќири кои се тапет кај „дисциплинецот“ поради прославата на головите, како и селекторот на Србија, Младен Крстајиќ, новите постапки се наменети за швајцарскиот репрезентативец Стефан Лихтштајнер и Славиша Кокеза.

На Лихтштајнер му се заканува казна поради тоа што го славеше голот на сличен начин како Џака и Шаќири, додека претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија ќе мора да го објасни интервјуто за „Би-Би-Си“, во кое истакна дека Србија е брутално ограбена и дека целата работа е по директива на одредени луѓе од ФИФА.

Се вчитува...