ФИФА се подготвува да ја напушти Швајцарија?

Светската фудбалска федерација (ФИФА) е подготвена да ја напушти Швајцарија по 90 години.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино сериозно размислуваат да го напуштат Цирих кој е дом на организацијата од 1932 година. Како причина се споменуваат строгите швајцарски закони за увоз на работна сила. Тие размислуваат за неколку опции, а една од нив е Париз каде е и основана ФИФА во 1904 година.

Исто така постои можност и поголемиот дел од операциите да останат во Швајцарија, а главното седиште да биде преселено во друга земја.

Се вчитува...