Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на 68. место и на најновата ранг-листа на ФИФА што денеска беше објавена од страна на светската куќа на фудбалот.
Откако во последните триесетина дена немаше никакви официјални натпревари, очекувано не дојде ниту до промени во рангирањето, па „црвено-жолтите“ го задржаа пласманот од претходната ранг-листа објавена на 29 јуни. Пред нашата селекција се наоѓаат Северна Ирска, Албанија, Зеленортските острови и Исланд, а веднаш зад Македонија се репрезентациите на Конго, Ирак, Црна Гора, Обединетите Арапски Емирати.
Нема промени ниту на врвот на светското рангирање, на првото место останува Аргентина, а место во Топ 10 има уште и за репрезентациите на Франција, Бразил, Англија, Белгија, Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА