ФИФА со порака до Катар: Олабавете ги мерките за Ковид, во спротивно ќе имате проблем со организацијата на Мундијалот

Катар ја доби дозволата за организирање на фудбалскиот Мундијал во ноември и декември оваа година, но проблем се строгите мерки за задолжителна изолација и карантин за невакцинираните, што може да им направи проблем на учесниците на Светското првенство.

Најмалку пет дена во изолација треба да бидат репрезентативците што не се вакцинирани, а ги има во речиси сите селекции учеснички на Мундијалот.

ФИФА притиска Катар да ги олабави мерките и да дозволи и невакцинирани фудбалери со валиден Ковид-19 тест да не одат во карантин.

Сепак дел од репрезентациите и селекторите веќе размислуваат воопшто да не повикуваат играчи што не се вакцинирани.

Англичаните објавија дека Герет Саутгејт веќе размислува во селекцијата на Гордиот Албион да не повикува невакцинирани фудбалери, но се уште се надеваат дека ФИФА ќе успее да излобира порелаксирани мерки во Катар за време на Мундијалот.

Се вчитува...